Однесувањето на Реџепи говори за неговиот карактер, говори за него, она кое е негово однесување така и ќе биде перцепиран, немојте да мислите дека и оние кои му го тупнаа тоа ливче хартија за да го прочита на бела позадина дека ќе го почитуваат, тој секогаш за нив ќе биде роба што се тргува и се предомислува преку ноќ и тоа ќе му остане цел живот, и тоа ќе го прати секогаш што и да прави во животот, за жал има и такви луѓе во политиката, истакна Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ зборувајќи за пратеникот Кастриот Реџепи кој не се појави на седницата за гласање доверба на Влада.

Мицкоски кој вечерва беше гостин во Алсат телевизија изјави дека од тие причини ова политичко мочуриште мора да се промени, затоа што Македонија се повеќе се празни, младите си заминуваат затоа што гледаат што се случува.

-Ако вие недела, две по избори се потпишувате на список и велите дека оваа влада мора да замине, за да гласате нејзина недоверба, а потоа велите дека ќе ја подржите оваа влада за мене тоа делува нелогично и спротивно на тие вредности за кои ние сме разговарале и сме си подале рака, за мене тоа е непринципиелно, вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.