Во касарните во Петровец и Куманово почнува замена на досегашниот систем за греење којшто користеше мазут со нов кој ќе користи природен гас.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска информира дека потпишале два договора, со две домашни компании, со кои во две големи касарни на АРМ почнува замената на досегашниот систем за греење.

Шекеринска вели дека ова било ново поглавје во Армијата и Министерството, а тоа е поглавјето на се поголема грижа за заштитата на животната средина или на она што НАТО веќе го нарекува зелена одбрана, одбрана која води сметка и за последиците врз природата.

Сакаме да ја внесеме еколошката компонента во нашето дејствување не само во деновите кога зборуваме за заштита на животна средина, туку секој ден и во секој дел од нашата работа. И НАТО Алијансата особено на последниот Самит јасно покажа дека грижата за природата, климатските промени дека заштитата на жвиотната средина, се повеќе и повеќе станува безбедносно прашање, дека тоа не е тема надвор од темите на одбрана и дека таа е една од најголемите закани за сите земји членки на НАТО – изјави Шекеринска.

Министерството за одбрана е при крај со сопствена анализа и целосен план како да направи енергетска транзиција во која што сите позагадувачки енергенси ќе ги остави во минатото и ќе се префрли на енергенси коишто помалку загадувааат, а притоа да ја зголеми и енергетската ефикасност на воените објекти.

Шекеринска најави дека се подготвени во следните три години интензивно да вложуваат во фотоволтаици коишто ќе создадат енергија за сопствени потреби, кој план ќе го презентираат на долг рок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.