Биљал Касами, лидерот на движењето Беса и носител на листата на коалицијата „Можеме“ за Шестата изборна единица, вечерва се обрати на собири во населбата Ново Маало во Гостивар и во селото Здуње. Во обраќањето пред сопартијците во Гостивар, Касами рече дека овие избори се важни, бидејќи како што нагласи со нив ќе се симне од власт политичка партија која изминативе години вршела големи злоупотреби.

Сакаме да испратиме пораката дека е веќе дојдено време конечно ДУИ да оди во опозиција. Ова поради фактот што тие повеќе од 18 години успеаја да ги злоупотребат државните позиции во нивен личен интерес, во нивно лично збогатување и на членови на нивните фамилии. Затоа сега ја имате таа можност, со тоа што ќе гласате за бројот „3“, ќе гласате за движењето Беса и за коалицијата „Можеме“ и да донесете на власт една нова елита на политичари кои ќе се грижат за вашите интереси, ќе се грижат пред сè за вашето здравје, за вашата добра иднина. Ние ви гарантираме дека можеме да се грижиме за вашата економија и за вашите интереси, рече Касами.

На собирот во гостиварската населба Ново Маало, кој се одвиваше според пропишаните протоколи за заштита од ширење на коронавирусот, зборуваа и кандидатите за пратеници Фадиљ Зендели, Абдуш Демири, Фљорие Синани и шефот на изборниот штаб Џеваир Мифтари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.