Би соработувал со ДУИ само ако бидат опозиција, вели претседателот на Беса Биљал Касами во синоќешната емисија „10 минути“ на ТВ21.

Поради тоа што ДУИ за овие 17 години потфрли со застапувањето на Албанците, Албанците ја сакаат ДУИ во опозиција, објасни тој.

Сепак, вели Касами, подготвен е да коалицира со Алијанса за Албанците на Зијадин Села. Според Касами, причината е тоа што опозициските партии се поблиски.

Ние би сакале предизборна коалиција за да биде сигурен опозицискиот глас дека конечно ќе дојде до промена во Северна Македонија, но сигурно доколку немаа таква соработка и по изборите би сакале некаква соработка со Алијанса за Албанците бидејќи ние сега сме со поблиски ставови како опозициски партии, вели Касами за ТВ21.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.