Сакам да ја информирам јавноста дека Движењето Беса стои на ставовите за пад на овој режим. Пследните случувања со пратеникот Кастриот Реџепи докажуваат дека власта е спремна на се за да остане на овие позиции, рече лидерот на Беса Биљал Касами по кусата средба во Собранието.

Се додека не го видам и слушнам пратеникот, се сомневам дека тој против своја волја го напишал тоа и не може да додје во Собранието и да се искаже за својата политичка позиција, рече Касами, кој остави простор, Реџепи, сепак да е киднапиран.

Касами рече дека последен пат се слушнал со Реџепи вчера, и ставовите на исчезнатито пртеник не биле променети.

Се додека не излезе да каже дека ова е негов доброволен став, јас како човек и како претседател на Беса имам право да се сомневам дека тој против својата волја се држи некаде и не може да дојде во Собрание ниту да излезе пред јавноста да каже дека ова е негов доброволен став, рече Касами на прашањето дали се сомнева дека Реџепи е присилен да ја смени позицијата.

Касами дојде во Собранието откако неговиот пратеник Кастриот Реџепи не се појави на седницата закажана за гласање недоверба на Владата во која учествува и Беса.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.