Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, партија која е во предизборна коалиција со СДСМ за изборите на 12 април, кој е во посетата на САД, се сретна со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија и поранешен американски амбасадор во земјава, Филип Рикер.

– Се сретнав со амбасадорот Филип Рикер во Стејт департментот, каде имавме многу плоден разговор за случувањата во Северна Македонија. Го информиравме амбасадорот за последните случувања и за коалицијата СДСМ-Беса како победничка коалиција. Имаше позитивна оценка од амбасадорот и сите дипломати овде во САД за оваа коалиција, која е коалиција за иднината на Северна Македонија, вели Касами во видео изјавата објавена на неговиот профил во Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.