Првиот човек на Беса Биљал Касами не го криеше задоволството од вечерашниот постигнат договор околу предвремените избори, кои ќе се случат во март, 2020 година.

Го поздравуваме овој состанок на претседателот. Одлучивме да се оди на предвремени избори и народот да реши за понатамошниот пат на нашата држава. Иако ова се случи, Македонија останува посветена на евроатланскиот пат и не се разговара за никаква друга можност, кратко порача Касами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.