Носителот на листата на коалицијата „Можеме“ на СДСМ и Движењето Беса, во шестатат изборна единицам Билал Касами, оствари средби со жителите на Тетово од централното градско подрачје или популарната „Улица на бутици“, каде вообичаено во четврток се одвива и пазарен ден. Главната порака беше дека политичката програма на Движењето БЕСА ќе води состојба на ред, правда и дисциплина.

-Сега со поддршка на граѓаните, во овој мандат ќе работиме да ги отворима сите 80 поглавја од преговирите за членство во ЕУ.  Така, не само формално и реално ќе се подобри животот на граѓаните.  Ќе се зголеми просечната плата, поддршка на малите бизниси, подобрување во образование, инфраструктурата. Реално ќе се обидеме на крајот од мандатот животот да биде поблизок како во земјите членки во ЕУ, истакна Билал Касами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.