Лидерот на БЕСА, Биљал Касами, при гостување во „Клик Плус“ на ТВ21најави дека неговата партија локалните избори ќе оди сама, иако не исклучи и соработка со други партии.

Касами изјави дека Тетово треба да биде вратено на тетовци, а на прашањето дали тој би се кандидирал за градоначалник, истакна дека тоа ќе треба да го одобрат партиските органи.

Ќе направиме анализа и доколку имаме сериозна понуда за соработка, ќе ја разгледаме. Секоја можна соработка меѓу СДСМ и БЕСА на локалните избори ќе биде предмет на сериозна анализа. Ќе ги анализираме најдобрите опции за нас како БЕСА – изјави Касами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.