Касами или Арифи? Иако се закани со напуштање на владината коалиција ако не добие поддршка за Тетово, Биљал Касами му простил на „големиот брат“ во Владата. Наместо да ги реализира заканите, Беса ќе продолжи да виси како приврзок на владината коалиција СДСМ – ДУИ.

Коалицијата СДСМ – БЕСА минатата година постави нови стандарди во современото политичко дејствување во Македонија. Денес оваа соработка е на уште повисоко ниво и дава одлични резултати низ работата на Владата.
Со претседателот на БЕСА Билал Касами се согласивме дека партнерството во нашата коалиција ќе продолжи да се развива и на претстојните локални избори, за кои согласно спецификите на различните општини ги бараме и утврдуваме најдобрите кандидати кои ќе го дадат најдобриот резултат за нашиот народ, објави Заев на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.