Лидерот на Беса, Билал Касами во вечерашното обраќање од Тетово порача дека коалицијата со СДСМ е и за да падне и другата алка на претходниот режим, а тоа е ДУИ.

Другата алка на режимот остана на власт и ние во оваа коалиција сме да го дадеме ударот во тој дел и режимот никогаш да не се врати. Да ги надминеме сите проблеми и наместо да се гледаме како спротивставени стврани, сега со сите соседи гледаме пријатели со кои заедно ќе ја изградиме европската идинина. Заедно со сите партии од коалиција да направиме нашите деца да живеат подобро. Ви гарантираме дека ќе има инвестиции во Шара и таа ќе биде подарок од Бога и ќе ги живееме сите придобивки од овој природен ресурус. Шара ќе биде туристичка атракција и во лето и во зима, рече Касами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.