Претседател на движењето Беса во интервју во емисијата „Отворено“ на Алфа ја искоментира одлуката на премиерот Зоран Заев, покрај претседател на Владата, да се именува за министер за финансии.

Според Касами ваквата одлука не е добра, бидејќи Министерството за финансии е многу важна институција, како за државата, така и за граѓаните и тој лично смета дека и покрај биографијата која си ја напишал Заев, тој не е толку способен да води две позиции истовремено.

Немало потреба биографијата на премиерот да е толку долга, прилега на директор на селска кооператива. Мислам дека не му е зрел потегот да води друго министерство освен да биде премиер, бидејќи Министерството за финансии е многу важно за држава, многу важно за граѓаните, а уште поважно за премиер. Премиерот иако навел долга биографија, не верувам дека премиерот е толку споcoбен да води две позиции истовремено – вели Касами.

Касами нагласи дека според пораките кои ги испраќаат високите претставници од Европската унија, датумот за почеток на преговорите на Република Македонија не е загаpaнтиран дури ни во октомври, бидејќи за влез во ЕУ не било потребно само потпишување на Преспанскиот договор за промена на уставното име на државата, туку реформи кои требало да ги спроведе власта.

Ако се читаат добро препораките кои доаѓаат од европските престолнини ќе видите дека никој не ни гарантира дека во октомври ќе добиеме датум, рече Касами.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.