Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, експресно ја потпиша одлуката за разрешување на Катица Јанева, која пратениците ја донесоа со 102 гласа „ЗА“ и ниту еден против.

Одлуката веднаш била испратена до Советот на јавни обвинители, кој како што јавува А1он ќе се состане вачерва за да ја донесе конечната одлука. На седницата, најверојатно ќе се расправа и за обвинителите од СЈО, на кои со разрешувањето на Јанева им престанува и мандатот во СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.