Поранешниот директор на МРТВ Петар Каранаков за условите во македонското здравство и услугите што ги нудат нашите болници.

21 година како е напишан и усвоен Законот за здравствено осигурување и е формиран ФЗО. Редно е по 21 година, со парите собрани од здравственото осигурување на граѓаните – наместо на плати на вработени и тендери да бидат наменети за квалитетно извршени здравствени услуги за истите тие граѓани, време е да запре плаќањето под рака на јавните доктори и приватно лекувањето на осигурени лица. 500 милиони ЕВРА се парите кои секоја година се собираат од граѓаните, 500 милиони ЕВРА секоја година завршуваат во болниците. За тие пари секој граѓанин заслужува респект и квалитетна здравствена заштита, заштита која не е бесплатна туку е макотрпно и скапо платена, пишува Каранаков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.