„Доброто во целото ова зло е што ваква национална катарза ни се случува прв пат во поновата историја.

Во овие неколку години јасно се одвои здравото од гнилото национално ткиво, здравото ќе ја води вистинската битка за Македонија, гнилото многу скоро ќе биде фрлено од стопанот како НЕПОТРЕБНО ЃУБРЕ! МАКЕДОНЦИ, БИТКАТА САМО ШТО ПОЧНА!“ – напиша на Фејсбук професорката Тања Каракамишева по изгласувањето на уставните измени кои ќе го преформулираат името на државата во Република Северна Македонија.

Понатаму, во статусот на Каракамишева пишува:

Со позитивна мисла и само напред. Главата горе, разум на максимум, ќе ја вратиме државата на вистинскиот колосек. Македонија вечна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.