Промената на името на државата е промена на нејзината лична карта, промена на нејзиниот и наш идентитет, ништење на целата досегашна историја, вредности, идеја, борба, со новото државно име се создава сосема нова држава од почеток, без никаков континуитет, уште еднаш потсети професорката Тања Каракамишева пред денешниот протест против уставните измени.

СЕ НИШТИ ЦЕЛАТА ДОСЕГАШНА БИТКА ЗА МАКЕДОНИЈА, се гази врз коските на нашите претци, знајни и незнајни јунаци.

Со менувањето на името се гази врз граѓаните кои се единствено суверени во Македонија, се гази врз резултатите од реферемдумот одржан на 8.9.1991 и на 30.9.2018г.

Сите пратеници кои ќе одат спротивно на одлуката на својот суверен ќе биде запишани како ВЕЛЕПРЕДАВНИЦИ!

Нема да може никој да се скрие позади уставната слобода на одлучување, бидејќи овој пат ДРЖАВАТА И ИДНИНАТА СЕ ВО ПРАШАЊЕ!

ПРАТЕНИЦИТЕ И ВЛАДАТА НЕМААТ МАНДАТ да гласаат за промена на името на државата. Ниту една институција во државата НЕМА НАДЛЕЖНОСТ ДА МЕНУВА ИМЕ!

ИМЕТО НЕ Е УСТАВ, ИМЕТО Е ДРЖАВАТА!

А ДРЖАВАТА ПОСТОИ И ПРЕД УСТАВОТ ОД 1991 ГОДИНА И ЌЕ ПОСТОИ И ПО ВАШЕТО ВЕЛЕПРЕДАВСТВО!

Ќе ви ги поништиме сите неуставни и нелегални одлуки и ќе ве гониме кривично додека сме живи!, порача таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.