Професорката Татјана Каракамишева преку социјалните мрежи се обрати до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во врска со движењето „Илирида“.

Таа коментира дека додека Македонците „очи си вадат” и се делат по сите основи, „Илирида” се повампирила и презема неуставни активности.

Од друга страна, во изјава за „ТВ 24“, Каракамишева изјави дека регитрацијата на таква партија е противуставно, затоа што Уставот не дозволува федерализација на Македонија.

Од движењето „Илирида“, на дебата во Тетово најавува регистрирање на политичка партија.

Како што објави „КланМ“, од Движењето „Илирида“, велат дека веќе се прават последните подготовки за ова движење да биде регистрирано како политичка партија за учество на изборите. Доколку победат на изборите, како што велат, ќе го формираат Парламентот на Илирида.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.