Низа навреди за македонскиот премиер Зоран Заев, од неговите пријатели од Бугарија. Вицепремиерот на Бугарија и Министер за одбрана, Красимир Карачаканов изјави дека Заев е „Бугарин на кој мозокот му работи споро“.

„По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев“.

Тој го нарече Бугарин македонскиот премиер Зоран Заев, оценувајќи дека му доаѓа паметот. Оваа оценка ја даде по скандалозното интервју на Заев во кое тој ја распарчува македонската историја за да им се додворува на политичари како Каракачанов.

Во изјавата Каракачанов ги повторува ставовите дека станува збор за бугарска, а не за македонска историја, па дури и со доза на потсмев говори на тема Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.