Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов одново повтори дека темата Македонија била од стратешки интерес во Бугарија.

Бидејќи, како што велеше претседателот Петар Стојанов, ова е најромантичниот, но и најтрагичниот – би додал, дел од нашата историја. Не можеме да се согласиме со она што се случува во Македонија и никакви избори не се причината, вели Каракачанов во интервју за „БНТ“.

Тој вели дека договорите се потпишуваат за да бидат исполнети. За жал, во Македонија мислеа дека потпишуваат договор, кој можеби нема да го исполнат.

Таму и до денес, и покрај сите перипетии на времето, и покрај теророт што беше наметнат по 44-та година во Титова Југославија, сè уште има многу луѓе кои се нарекуваат Бугари. Имаме морална и историска должност кон овие луѓе, прокоментира Каракачанов.

Според него Владата на Заев најмногу барала компромис.

Но, кога правиш компромис со политичарите во Македонија, тие тоа го доживуваат не како гест на благородништво, туку како слабост и незаинтересираност, вели Каракачанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.