Специјалниот претставник во односите со Бугарија, Владо Бучковски е во Софија, каде има закажано повеќе средби. Во 18 часот е закажана средбата со најгласниот бугарски функционер по македонско- бугарските односи, вицепремиерот Красимир Каракачанов.

Тој ова го потврди претпладнето, во одговор на новинарско прашање, при што не пропушти уште еднаш да го искритикува однесувањето на македонските челници и атмосферата во  македонското општество кон Бугарија.

Каракачанов обвини за двојни стандарди, хајка кон граѓани кои се декларираат како Бугари во Македонија, а прогнозираше дека нема да има напредок во следните шест месеци. На македонската влада и’ препорача да си ги прочиаат официјалните документи на бугарските власти и да не „создава интриги зад грб“ .

Според Каракачанов, проблемот не е меѓу Македонија и Бугарија, туку меѓу Македонија и Европската Унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.