Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски соопшти дека во 12 градови и општини има вкупно 97,5 од сите активни случаи, односно дека проблем се всушност пет градови, каде има најголем број на умрени и морталитет, со 7,4 проценти на 100 000 граѓани.

После 26-ти мај, ова што ни се случува се должи на тотално непочитување на одредени мерки кои ги дадовме како КЗБ, а тоа се однесува тоа што не се носеше заштитни маски и тоа што луѓето се групираа по повеќе од две лица, што ни се удри како бумеранг. Ова е се поради непочитување на мерките за време на верскиот празник Рамазан Бајрам и ифтарските вечери – изјави Караџовски.

За него, бројките од 52, 62, 89 и 100 заразени се однесува на 7-10 денови наназад кога имавме големо непочитување на мерките и дека сега јасно е дека имаме втор бран од 26-ти мај навака.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.