Размислуваме за сите мерки, вклучувајќи локално, регионално, па дури и целосно затворање на државата, рече во вечерашното гостување во „Трилинг“ на 24 вести претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски.

Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија, рече тој.

Според Караџовски, лицата кои најчесто се заразуваат се на возраст помеѓу 20-40 години и дека тие се оние кои го шират вирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.