Се наоѓаме во критична фаза, од која не може да се вратиме назад, во време кога апелиравме да се почитуваат мерките, рече во вечерашното интервју за МРТ претседателот на Комисијата за заразни болести епидемилогот д-р Жарко Караџовски. Вели дека ова што моментално се случува тој го најавил уште пред неколку месеци на прес-конференција кога кажал дека вирусот се шири на јужната хемисфера.

Факт е дека есенскиот бран со коронавирус подрани, но не е точно дека ние не бевме подготвени. Луѓето во август и септември започнаа да одат на одмор, започнаа да одат на журки, забави, одмори… Плажите во Охрид беа преполни, вели Караџовски.

Тој потенцира дека Комисијата никогаш не дала дозвола да се организираат вакви настани.

Моментално ни се случува непочитување на мерките, не се носи маска, не се почитува дистанцата за време на кафе-разговорите и на се тоа ќе додадеме свадбите и погребите, дециден е Караџовски.

Во однос на свадбите и погребите вели дека доколку ние знаеме 1 или 2 на кои не се почитувале мерките, тој знаел 10 пати повеќе такви случаи.

Прават свадби за кои велат дека не се свадби туку домашни прослави. Седнуваат во кафана, на различни маси, се издаваат посебни сметки и на крај тоа станува свадба, изјави Караџовски во интервју за МРТ.

Додава дека е разочаран од населението и лицата кои требало да покажат пример како треба да се однесува за време на коронавирусот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.