Размислуваме за сите мерки, вклучувајќи локално, регионално, па дури и целосно затворање на државата, рече во вчерашните телевизиски гостувања претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски.

Прво да видиме дали новите мерки кои се донесени ќе дадат резултати. Најлесно е да предложиме карантин на целата територија, рече Караџовски „Трилинг“ на 24 вести.

Според Караџовски, лицата кои најчесто се заразуваат се на возраст меѓу 20 и 40 години и дека тие се оние кои го шират вирусот.

„Ова е опасно заразување, да не се занесуваме, сите сме во опасност, постарите генерации се поизложени, но може да почине и човек без хронично заболување“, предупреди Караџовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.