Докторот Жарко  Караџовски објаснува дека дел од медицинските лица заболуваат од корона бидејќи не знаат да ја користат заштитната опрема и прават  пауза за цигари и ја користат истата опрема.

Правилно користење на заштитна опрема означува правилно облекување и уште попрњвилно вадење и соблекување. Патувам низ целата држава последниот месец и лично се уверив дека на некои места има непочитување на протоколите за правилно користење на заштитната опрема. Лицата што ја носат заштитната опрема прават пауза за цигара и користат иста заштитна опрема пред да работат со пациенти. Или пак несоодветно ја вадат бидејќи има редослед по кој се вади и става-објасни Караџовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.