Мерките не се доволно ригорозни, штом човек може да се нагоди за цената за неносење маска и наместо 20 евра, да плати 600 денари, рече во изјава за ТВ 24 претседателот на Комисијата за заразни болсети д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

Мерките мора да бидат ригорозни, казнувањето мора да биде жестоко, секој оној кој ќе биде фатен во неспроведување на овие мерки мора ригорозно да биде казнет. Зошто? Затоа што е потенцијален ширач на инфекцијата. Граѓаните доколку се фатени на лице место и не носат маска тие можат наместо 20 евра на лице место да платат 600 денари, рече тој.

Според Караџовски оваа казна е премала, бидејќи лицето дозволува инфекцијата да се шири.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.