Идниот кандидат за претседател од партијата треба пред се да ја сака својата татковина Република Македонија. Ова го посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашната емисија на „Отворено“ на телевизија Алфа.

Мицкоски образложи дека тој често го употребува зборот честит, тоа е многу важна карактерна особина кај човек лично кога би го прашале, кога тој би одлучувал за избор на претседателски кандидат.

Знаете вие дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има конвенција таа има 550 кандидати, луѓето кои што ќе се пријават на конкурсот ќе имаат можност својата програма да ја претстават пред членството и.т.н. Но пред се мојот глас за да го заслужи претседателскиот кандидат треба да е честит, треба да е почитуван од средината, треба да е семеен човек, треба да е човек од збор, човек кому зборот му тежи, човек кому зборот му значи во животот. Односно тоа што ќе го вети тоа и го остварува. Човек кој што не манипулира, човек кој што не лаже и човек кој што си ја сака својата земја Република Македонија, нагласи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.