Новинарот Бранко Героски ја коментира изјавата на еден од стратезите на СДСМ; Ѓорѓи Спасов, кој не се согласува со партискиот лидер Зоран Заев дека фразата „бугарски фашистички окупатор“ треба да се осакати во учебниците.

Во коментарот насловен „Заев опасно ја губи поддршката“ Героски со изненадување коментира дека штом Ѓорѓи Спасов не застанува зад Заев, кандидатот за Нобелова награда е опасно осамен.

Исто така, неврзано за Спасов, Героски продолжува со обраќање до Заев:

Зоки, да не ти пишувам сега фермани, само кратко…
Едно е да не се инсистира на етничко маркирање на фашизмот. Тоа би можело да се нарече разумен обид за одговор на софиските фрустрации.
Но, друго е да се одлучи да се брише фразата “бугарски фашистички окупатор” од учебниците. Тоа е ретуширање на историјата. Бришење историски факти. Лажење. И крадење.
Освен тоа, ти не си овластен да донесуваш такви одлуки, другарче.
Зошто даваш празни ветувања?
Знаеш ли воопшто што правиш и каде тераш?
Памет имаш ли?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.