Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување поврзано со престојните локални избори во Македонија, кои ќе се одржат на 17 октомври 2021 година.

Теренското истражување се одвиваше во периодот од 13 септември до 17 септември 2021 на репрезентативен примерок во зависност од големината на општината/ градот Скопје.

• Во теренското истражување на територија на општина Велес на репрезентативен примерот од 582 испитаници.
• Во теренското истражување на територијата на општина Илинден на репрезентативен примерок од 492 испитаници.
• Во теренското истражување на територијата на општина Виница на репрезентативен примерок од 418 испитаници.
• Во теренското истражување на територијата на општина Сопиште на репрезентативен примерок од 394 испитаници.

При истражувањето се водеше сметка за демографските особености, последните вредности од одржаните избори и карактеристиките на гласачкото тело.
Анализата опфаќа повеќе делови кои ќе се објават во наредниот период. Статистичката грешка е плус-минус 2%. Резултатите од анкетата се користат за потреби и анализи на самиот институт.

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во Велес, Марко Колев ужива најголема доверба од граѓаните. За Колев се изјасниле дека ќе гласаат 26,3% од испитаниците. За кандидатот на СДСМ, Ненад Коциќ довербата ја дале 20,9%.

Граѓаните од Виница најмногу доверба имаат во Миле Петков, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. За него рекле дека ќе гласаат 26,3% од гласачите. Кандидатот на СДСМ, Ивица ДИмитров добил поддршка од 23,8%.

 

Стефче Трпковски, според резултатите од анкетата, ќе победи на изборите во Сопиште. Тој има доверба од 28,8% од анкетираните. Зад него е кандидатот на СДСМ, Сашо Стојановски, за кого би гласале 20,6%.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.