Досегашниот претседател на СДСМ Гостивар, Драгољуб Филипоски, кандидат за пратеник и активист, првото вработување го има во Агенцијата за национална безбедност (АНБ), и тоа на 43 години.

Божемните заложби паѓаат во вода. При доаѓањето на власт, а и за да бидат интересенни на дипломатите, СДСМ ветија реформирање на службите за разузнавање и контраразузнавање. Па така, многу искусни работници беа отпуштени, наводно, не ги минале филтрите. Имајќи го предвид посочениов пример, иако и тогаш се тврдеше дека тоа ќе биде пресметка со неистомислениците, односно не го минале партискиот филтер. Така, од големите ветувања за деполитизација на безбедносните служби, остана заложбата деполитизација од другите партии, а СДСМ е опција за која нема одговорност и препреки.

Како ќе го правдаат вработувањето на Даци, кој завршил ДИФ, никому не му е јасно, затоа што ноторен факт е ова, па ни нотарски нема да докаже дека не е член на политичка партија.

Извор: Нетпрес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.