Во образложувањето на еден од амандманите на уставните амандмани предложен од независните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои Владата не го прифати, Елизабета Канческа-Милевска рече дека тој амандман го поднеле за сегашната, а и минатата власт да го објаснат процесот на преговорите со Грција.

Поднесиот амандан е многу јасен и прецизен и се однесува називот Република Северна Македонија да се употребува само за меѓународна употреба. Сакаме да слушнеме зошто не било возможно ова да се постигне и зошто мораше да се прифати ерга омемес. Исто така, сакавме да слушнеме и од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во минатото и нивни претставници учествуваа во преговорите. За жал, тоа од нив не го слушнавме ни во минатото, а нема ни денеска бидејќи не се тука. Сметаме дека граѓаните заслужуваат објаснување од двете страни. Со нивната одлука уште еднаш на дело ја потврдија лажната политика и лажниот патриотизам. Потврдија дека сакаат сето ова брзо да се заврши, тоа друг да го заврши, и потоа на прес конфернција да ги набројаат со име и презиме предавниците, нешто што не одговара на една државотрворна партија. Предавници не се чуствуваме во ниту еден момент. Предавници се они кои бегаат и не нудат решенија. Нешто што можеа да направат е барем они да го поднесеа овој амандман или да ни дадоа оваа поддршка. Со тоа барем нешто ќе останеше како нивна заложба. Иако сме мал број на претеници на опозицијата кои се одваживме и земавме учество и ангажман, да го подобриме овој Договор и да го потврдиме и зачуваме македонскиот идентитет и јазик. Успеавме да ги надминеме навредите и заканите, исправено и гордо, задржувајќи ја човечноста. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на моите колеги кои активно беа вклучени во овој процес. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ ако сакаше да го блокира овој процес, активно ќе работеше на тоа. Но, ВМРО-ДПМНЕ длабоко верува дека ова е последна шанса за Македонија, и сака некој друг да биде крив, само не раководството на партијата, рече Канческа-Милевска.

Канческа-Милевска рече дека Заев ќе го води сенка од минатото.

Велеше дека нема да го менува уставното име, но и раководството на ВМРО-ДПМНE да не се служи со лажен патриотизам. ВМРО-ДПМНЕ го избра најлесниот и најсрамниот пат да не присуствува на седницата. Им порачувам дека ние не сме предавници туку тие кои личните интереси ги ставаат пред државните – рече Канчевска Милевска.

Со 70 гласа против Собранието го отфрли предлог-амандманот предложен од осумтемина пратеници од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Амандманот на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се однесуваше на тоа називот Северна Македонија да се употребува само за меѓународна употреба.

Премиерот Зоран Заев до пратеничката Елизабета Канческа Милевска, пред гласањето рече дека прифаќањето на ваков предлог би предизвикало нови проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.