Пратеничката Елизабета Канческа Милевска, една од осумте независни пратеници кои потекнуваат од ВМРО ДПМНЕ не била консултирана за изјавата која ја дала нејзината колешка Емилија Александрова, објави порталот „Вечер“.

Александрова денес зборувајќи во име на мнозинство го осудува лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој бара уште сега Собранието да го ратафикува влезот на Македонија во НАТО.

Не знам за прес-конфренцијата на колешката Емилија Александрова, не сум запознаена ниту консултирана. Јас денес не бев во Собрание, бидејќи имав некој други обврски. Секој може да доставува предлози и иницијативи до Собранието, секој може да има различен став и мислење по одредени прашања. Кога ќе ја видам таа иницијатива тогаш и би се произнела. Никогаш не бегам за каков било став кога станува збор за нешто што е од суштински интерес за нашата држава, изјави Канческа – Милевска.

Таа не смета дека предлогот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ратификација за членството во НАТО е за осуда, напротив тоа е само чекор поблиску до остварување на таа цел.

Тоа е пред сѐ потврда дека без поддршката од страна на пратениците на ВМРО ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени ова прашање, поточно членството во НАТО не можеше да се реазлизира. Мислам дека тоа прашање треба да се затвори, да се обединиме, за да можеме да продолжиме понатаму. Овој пратенички состав направи многу во однос на реформите во насока на евроатланските интеграциии и лично сметам и ќе се залагам за тоа, дека овој пратенички состав треба да ја изгласа и да ја потврди ратификацијата на протоколот за членство во НАТО со што ќе се заокружи едно многу важно повеќегодишно круцијално прашање кое конечно се реши, а е од огромна важност за збезбедноста и сигурноста на нашата држава, вели Канческа – Милевска.

На прашањето дали и таа се согласува со Александрова која бара оставка на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Канческа – Милевска вели:

Немам зошто да барам оставка од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски, тој на конгрес е легитимно избран претседател на ВМРО ДПНЕ, и многу е јасно кој му ја дава и кој му ја одзема довербата. Кој и како се однесувал претходно, кој што говорел и кој постапки ги превземал, ги оставам на нив лично. Мојата поддршка и влог во евроатланските интеграции на мојата држава е голем, видлив и со резултати, искрен без никакви лицемерно однесување и залагање. Интересите на државата ми биле секогаш на прво место пред било што друго, заклучува пратеничката Канчевска Милевска.

извор: портал Вечер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.