Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел објави кусо соопштение по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Берлин.

Меркел и Заев, како што се наведува, разговарале за билатералните односи, а фокусот бил ставен и на „прашање од надворешната и европската политика“.

Во соопштението не се прецизира ставот на Меркел за очекувањата на Владата на Северна Македонија за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Германија заедно со Франција си поставија цел – зајакнување на стабилноста на балканскиот регион. Важен чекор кон тоа беше решавањето за спорот со името „Македонија“. Под покровителство на ОН, балканската држава од 12 февруари 2019 година се преименува во Северна Македонија, со што се стави крај на спорот за името со Грција што траеше од 1991 година. Во април премиерот Зоран Заев, исто така, присустрвуваше на состанокот за Западен Балкан, што го организираа германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон. – се наведува во соопштението од Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел објавено по 40-минутната средба со премиерот Зоран Заев.

Од македонскта влада се огласија со поинаква верзија за средбата.

Премиерот Зоран Заев ја потврдил довербата во канцеларката Меркел и најзините политики за Западен Балкан. Тој верува дека германскиот Будндестаг, во септември, ќе донесе позитивна одлука за почеток на преговорите со ЕУ.

– Претседателот на Владата на РСМ Заев, на средбата нагласи дека радува фактот што Министерството за надворешни работи на СР Германија има позитивен став за нашата земја во однос на започнувањето на преговори за членство во ЕУ, и дека треба да се испочитуваат процедуралните постапки и демократските процеси кои ќе овозможат Бундестагот да донесе позитивна одлука во септември. – велат од владината прес-служба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.