Канадските власти ја прогласија Македонија за регион во Грција за потребите на нивниот попис. На прашањето дали канадските граѓани имаат двојно државјанство во уште некоја држава во светот, не е можно да се внесе опцијата Македонија. На граѓаните им се сугерира да внесат Македонија (регион во Грција) или Република Cеверна Македонија.

Со тоа, името Македонија во неговата чиста форма и се дава на Грција, додека големата македонска заедница во Канада е принудена да го користи присилно променетото име.

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, со седиште во Канада, реагираше на овој нов пример на губење на правото на името Македонија во полза на Грција.

ММДЧП, која укажа на овој проблем со онлајн пописот што се спроведува во Канада, ги повика Македонците да реагираат до бирото за статистика, и да го бараат правото да се изјаснат како Македонци од Македонија кои зборуваат македонски јазик. Од ММДЧП им сугерираат на Македонците во Канада да внесат Република Македонија во полето во кое се прашува дали имаат двојно државјанство и така да го избегнат името „Република Cеверна Македонија”.

Промената на името е целосно отфрлена од македонската заедница во Канада, од каде честопати доаѓа помош за политичките затвореници на режимот на Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.