Откако не знаел каде да пријави, по што пријавил кај тогашниот директор на УБК, Горан Николовски – Џони, во денешното сведочење за „Рекет“ Орце Камчев изјави дека веднаш после то за сè го известил и премиерот во заминување Зоран Заев.

Пријавив кај премиерот, беше запрепастен од тоа што го виде, немаше зборови. Ми рече да му оставам два дена, зошто не може да поверува што видел. Потоа ми се јави и ми рече сè што имам да однесам во обвинителството, кај обвинителката Вилма Русковска, рече Камчев.

Според Камчев, Боки 13 ја злоупотребил Радмила Шекеринска.

Бојан Јовановски ми покажуваше и слики со потпретседателката на Владата, но јас знаев дека жената нема врска. Нејзиниот сопруг ми е добар пријател, па жал ми е што излезе таа снимка во јавноста, рече Камчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.