Обвинетиот бизнисмен Орце Камчев зел кредит и уплатил над 5 милиони евра на државниот буџет откако се спогодил со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Империја“.

Ова го соопшти раководителката на Обвинителството, Вилма Русковска на прашање на „Топ тема“, дали парите кои ги уплатил се чисти. Според нејзините информации кои ги добила од обвинителката која го води случајот, Камчев зел кредит и дека хипотеките треба да ги испита банката.

Орце Камчев со спогодба признал вина за случајот Империја и е осуден на една година затвор.

Според информацијата Русковска појаснила дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра (околу 320 милиони денари) на државниот буџет преку УЈП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.