Не само јас, на Бојан Јовановски рекет му платија уште многу бизнисмени! Ова е дел од сведочењето на бизнисменот Орце Камчев на денешното судење за случајот „Рекет“, во кој освен Боки 13 обвинета е и екс обвинителката Катица Јанева.

Како прв пример го наведе неодамна починатиот Жарко Луковски.

Мојот неодамна починат пријател ми има кажано дека Јовановски му кажал дека доколку не сака да биде дел од „Империја“ треба да плати 200.000 евра. Кога беше апсењето, тој се исплашил и избегал во Србија. Потоа и од Белград му исплатил уште 250.000 евра, зошто бил ставен во „Империја“, а потоа извлечен – рече Камчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.