Илинденското востание беше последниот голем обид на Македонците да одговорат на предавството на светската дипломатија и терор од страна на турските власти против македонскиот народ – пишува на Фејсбук Горан Калоѓера, почесен конзул на Македонија во Хрватска.

Нема дилема дека востанието било предвремено и форсирано од бугарската страна, која на крајот го изневерила востанието. Тоа е историска вистина и политиката не може да ја избрише. Добро е што секоја држава, без оглед на актуелната власт, се обидува да гради добрососедски односи, но никогаш на штета на сопствениот народ. А македонската историја е богата, во секој поглед, и треба да се цени и вреднува и да не се дозволи на никој со неа да си игра или да ја користи во секојдневните политички игри. Затоа, драги мои Македонци и Македонки, утре оддадете им достојна почит на херојските востаници од Илинденското востание – порачува Калоѓера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.