Сега е како некоја желботека, тоа што се сака да се вметне во закон се вметнува. Многу работи кои се проблем не се решаваат со законот за јавно обвинителство, и тоа и е кажано на министерката за правда, рече универзитетскиот професор Гордан Калајџиев во своето гостување на телевизија Алфа.

Најспорните прашања на пример не се за овој закон. За тоа дали ќе се водат истраги или не не е прашање на закон за јавно обвнителство, туку на закон за кривична постапка и судска пракса. Утре ќе се случува ова и во други теми. На пример изземање на судии ќе се решава со закон за адвокатура. Во основно кога ќе ви дадат тема прво гледаат дали сте ја погодиле темата. Вие може одлично да сте напишале состав но да не сте ја погодиле темата. Така и тука, промашени се работите. И министерката и многу други ќе треба да паднат на испит со вакво однесување, рече Калајџиев.

Професорот објаснува дека во законот има многу грешки.

Тие велат бомбите се индиции, односно дека нема да се користат во постапка и нема да бидат докази. Индициите се индикректни докази, така во бомбите има и директни докази, но и индиции. Значи тие поимот индиции го користат сосема погрешно. Тоа е недозволиво, додаде Калајџиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.