Ова е политички наметнато без да се размисли правно. Една нормална власт кога би сакала да реши ваков проблем, би му посветила повеќе внимание и би размислила што предлага. Тука имаме несмасни изјави, прво меѓународна истрага за завршени случаи, изјави професорот Гордан Калајџиев, во Топ Тема на Телма во врска со договорот на Заев и Гаши за меѓународна истрага или мониторирање на судски случаи како Монструм, Диво Насеље или за малиот Алмир.

Тој истакна дека во овој момент ова е политичко самоубиство, при аспирации за ЕУ да признаете дека имате проблеми со судство и политички процеси, човекови права.

Тоа значи дека не ги исполнувате критериумите и ова ќе ни удри од глава и од Бугарија и од другите во вакви моменти кога сакаме да добиеме датум – рече Калајџиев.

Според него ако власта признава дека има политичко монтирани случаи, треба да дадат на странци да направат самите избор.

Власта не приоѓа во проблемот да меѓународните експерти вршат селекција, туку им нуди селекција на предмети. Демек странски експерти да испитаат објективно кои случаи се исполитизирани, а вие им ја нудите таа листа да ги потврдат тие што вие им ги нудите – нагласи тој.

Калајџиев додека и дека власта не треба да ја мота јавноста дека ова е некаков мониторинг.

Маричќиќ треба да си признае дали е вовлечен во ова и зошто е направено вака непристојно, нека не не маткаат дека ова е мониторинг, и истрага не е добар збор, ревизија е преиспитување дали предметите имале политички влијание, притоа тие однапред признаваат дека имало влијание, дека државата има потреба да ги расчисти. Второто признание е дека нашиот систем нема механизми како тие да ги истурка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.