Не може вака голема афера да заврши само со две осомничени лица- очeкувам случајот да се прошири. Институциите не може да не знаат каде е Катица Јанева, порачува во интервју за тв 24 универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

Калајџиев вели дека советот на јавни обвинители мора итно да ја констатира оставката на јанева, а на обвинители од СЈО им порача дека тонат заедно со неа. Калајџиев очекува проблеми и со новиот Закон за обвинителство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.