Професорот Гордан Калајџиев во интервју за Радио Слободна Европ беше прашан дали со последните случувања шансите на Русковска да го наследи Јовески се уништени, професорот рече дека тоа е можно само доколку се промени власта.

„Да биде заменик на Јовески шансите практично се минимални, ако остане ова решение обвинителот да го предлага Владата. Шансите се можни само доколку се смени власта. Ова може да и донесе поени како борец против влијанија политички, ако успее добро да ги аргументира и ако ја поддржат. До сега гледаме дека нема поддршка, за жал, многу резервирано го следат и меѓународната заедница, и странските амбасади и ЕУ, зачудувачки, можеби бараат повеќе информации. За мене оваа состојба е алармантна во смисла дека се распаѓа правниот систем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.