Несоодветна и недемократска е заканата на претседателот на Собранието Талат Џафери преку органи на прогон да повикува да се решава политичка битка и функционирање на Собранието, смета Гордан Калајџиев, проферсор-кривичар на Правен факултет „Јустинијан Први“, откако Џафери во интервју на Сител повика институциите да го штитат Уставот за да може Собранието непречено да работи, алудирајќи на одбивањето на пратеникот Антонијо Милошоски да ја свика комисијата за  надворешни работи за избор на амбасадори, пишува „Слободен печат“.

Несооодветна е заканата на претседателот на Собранието. Ова е повеќе политичка борба и несоодветно е да се решава  со органи на прогон како МВР или обвинителство. Интервенција на органи на принуда за функционирање на Собрането е недемократски чин. Ултимативно дејствување во Собранието ни како закана не е прифатливо. Не ценам дали дејствувањето на претседателот на комисијата е оправдано или не, но решенијата треба да се бараат во парламентот, а не преку органите на прогон – вели Калајџиев.

Целиот текст овде.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.