Oдлуката на Јанева да се предадат сите предмети е незконска, потенцира универзитетскиот професор Гордан Калајџиев.

Предметите не се ниту на мајка ѝ, ниту на татко ѝ, не ги донела од Гевгелија, па да ги предава. На овој начин само ќе се развлечат, кој знае во чии раце ќе завршат. Згора на се, адвокатите на обвинетите ќе ја спорат законитоста, вели Калајџиев во изјава за „Фокус“.

Професорот вели дека Членот 6 од Законот за СЈО ѝ дава право на Јанева да предеде одреден предмет на друго обвинителство, поради некоја причина, а не сите да ги даде топтан.

Ме разочараа и обвинителите од СЈО. Јас да сум работел некој предмет три години, да сум ја ставал главата во торба, немало шанса да ги дадам на друг, заклучува Калајџиев, кој прашува каде е сега јавноста, шарената револуција, да протестираат за спас на СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.