Владата по повод најголемиот државен празник, Денот на независноста организираше мала прослава во Градски Парк, кај Школка, место кое вообичаено се користи за одбележување на настани од организации, училишта или мини концерти на бендови. Првпат нема пренос на целата манифестација. Преносите обично се на Фејсбук на Зоран Заев и на владата, но годинава се пренесуваше само говорот на Заев. Жална беше и сликата со малиот број на луѓе собран во градскиот парк, кој во изминатите години се собираше на Плоштадот Македонија и се славеше со возбуда и гордост Денот на Независноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.