Ова денеска станува предизвикувачка ситуација во целата држава затоа што не можат на пристоен начин да се образуваат и со уставно загарантираното образование да го добијат. Ако ги преведеме оние 4,6 милиони евра во лаптоп ќе дојдеме до фантастична фрапантна бројка од 18.000, 20.000 такви едници. Ако ги споменеме пак оние 8 милиони евра кои што се потрошени за набавка на автомобили и луксузирање на естаблишментот, на мафијашите во владата ќе дојдеме за бројка повеќе од 35.000 такви единици, и конечно доаѓаме до последното понижување кое што го слушнавме од устата на Зоран Заев а тоа беше дека ќе се погрижи државата да најде такви парчиња кои што ќе им помогне на ученици за второто полугодие. Замислете каква навреда замислете каков срам и учениците, но и за родителите кои што мака мачат да ги обезбедат неопходните услови за следење на наставата и образување на своите деца, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето: „Што ќе правиме ние со 15.000 денари плата, како можеме да купиме лаптоп за настава за децата кога парите не стигаат за прехрана. Толку ли не може државата да купи лаптоп?“, поставено на денешниот „live chat“, насловен „Одговор на сите Ваши прашања“.

Претседателот Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ предложило студентите да се ослободат од партиципација, но дека до ден денешен нема никаков одговор од страна на владата, како и дека наместо владата да ги троши парите за поткуп да ги потроши парите на студентите се со цел да им се растерети нивниот домашен буџет.

ВМРО-ДПМНЕ предлагаше студентите на универзитетите да бидат ослободени од партиципација, да може да им се овозможи да се заштеди таа партиципација на универзитетите и тоа да биде на трошок на владата. Но, до ден денешен нема никаков одговор. Еве кажете ми што е лошо во тоа, наместо да се трошат пари за поткуп да тие пари бидат потрошени за плаќање на партиципацијата на студентите. Нивните семеен буџет да биде растеретен а тие да можат на достоинствен начин да ја следат наставата, посочи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.