Со кривична пријава против Кочо Анѓушев и екс-директорот на ЕЛЕМ Драган Миновски ќе се бара правдата за, како што велат пријавителите, измамата која ја направиле овие двајца екс-функционери додека се уште биле активни на своите работни места. Измамата за која се пријавени двајцата, има далекусежни последици како за оштетената компанија, така и за сите нас – граѓаните бидејќи штетите од оваа измама денес, ги плаќаме ние со секоја сметка за струја која минатиот месец поскапе за 12.36%.,објавува „Инфомакс“.

Во времето на директорувањето на Драган Миновски, релативно непознат послушник, со Електрани на Македонија (ЕЛЕМ), компанијата склучила договор за ископ на јаглен со економски оператор „Трансмет“ со кој била определена цена од 44.00ден/ГЈ по претходно спроведена тендерска постапка на која другите две компании кои учествувале со свои понуди успеале да понудат поскапи цени од 45.00 денари/ГЈ, односно 65.00ден/ГЈ.

Согласно Законот за јавни набавки, била одбрана најефтината понуда и со истата бил склучен договор за ископ на јаглен и јаловина за ПЕ Рудници и РЕК Битола.

Како договорни обврски РЕК Битола односно АД ЕЛЕМ како одговорен орган, зема обврска на Трансмет да и обезбеди соодветни услови за работа, меѓу кои и простории на терен но и сонда со која се мери квалитетот на ископаниот јаглен, кој според договорот требало да биде 6600кј/кг. Барем, така тврделе од ЕЛЕМ кога го распишале тендерот и ги навеле техничките карактеристики.

Ова мерење на калоричната вредност на јагленот од страна на ЕЛЕМ е обврзувачки и суштински елемент при склучувањето на договорот, а зошто ќе прочитате подолу во текстот.

Иако земале обврска да обезбедат сонда за мерење на квалитетот на ископаниот јаглен, од ЕЛЕМ обврската не ја исполнуваат, за што во повеќе наврати добиле и дописи од Трансмет. Сондата е есенцијална во утврдувањето на фактичката ситуација на терен во смисла на тоа дали Трансмет ги извршува договорените обврски или не, бидејќи ако не работи согласно договореното тогаш ЕЛЕМ/РЕК Битола би имале основ за раскинување на договорот. Но, сондата не се поставува, се до моментот кога започнува и извршувањето на претходно смислената стратегија за измамување на Трансмет, со цел доделување на договорот на друга компанија, тврди „Инфомакс“.

Неколку месеци подоцна, ЕЛЕМ без да ја извести компанијата прави лабараториска анализа на ископаниот јаглен во неакредитирана лабараторија, од која се утврдува дека квалитеот на ископаниот јаглен е со калорична вредност од 5.000-5.700 кј/кг. Овој податок не можел да го знае приватникот на кого во договорот, одноосно во техничката спецификација на тендерот му било презентирано дека ископот содржи јаглен од 6.427 кј/кг.

Иако анализата била направена во неакредитирана лабараторија, ЕЛЕМ/РЕК Битола имале можност да го преиначат договорот со носење на дополнителен извештај за квалитетот на јагленот и потпишување на анекс на договорот, тоа не го направиле.

Наместо продолжување на договорот со веќе одбраната компанија, која понудила најниска цена за ископ на јаглен Драган Миновски организира состанок на кој го повикува сопственикот на компанијата, и тогашниот вице-премиер Кочо Анѓушев, дознава „Инфомакс“.

На состанокот одржан во просториите на АД ЕЛЕМ во Скопје, сопствениците на приватната компанија добиваат „совети“ од Анѓушев дека треба да се откажат од договорот, а од директорот на ЕЛЕМ дека овој договор е ништовен и дека ако не сакаат да плаќаат пенали самоволно да го раскинат веќе склучениот договор. И двајцата, знаејќи дека во тендерската документација биле презентирани погрешни факти во врска со квалитетот на јагленот со цел подоцна да бидат искористени како неисполнета обврска на приватната компанија, го убедуваат сопственикот на компанијата да ја „остави работата“ и да „ужива“.

Под таков силен притисок, сопственикот се откажал од договорот на 02.02.2018 година но и ја пријавил измамата.

Боки 13 и рекетот од 750.000 евра врз Силјан Мицевски

Само шест дена подоцна, без тендер, во четири очи АД ЕЛЕМ на 08.02.2018 година, склучува договор со ДГУ „Пелистер“ ДОО Битола, за ископ на јаглен и јаловина од истите ископни парцели по цена двојно повисока од онаа на компанијата со која преку измама бил раскинат договорот. Новиот договор сега гласи на 87.80 денари/ГЈ. Сега, новиот договор со ДГУ Пелистер од Битола предвидува ископ на јаглен со реална калорична вредност од 5.625 кј/кг, наместо фингираните 6.500 кј/кг.

Подизведувач пак на ДГУ Пелистер ДОО од Битола во ископот на јаглен во РЕК Битола е компанијата СВ Инвест која опозицијата ја споменуваше како дел од бизнис шема на власта.

Инаку, сопственик на ДГУ Пелистер е бизнисменот Силјан Мицевски, истиот оној човек кој одби да го тужи Бојан Јовановски – Боки 13 за наводен рекет од 750.000 евра. Сомневањата се дека токму овие 750.000 евра биле искористени како мито од кое дел има земено Драган Миновски, Кочо Анѓушев, Боки 13 но и други актери вклучени во измамата.

Боки 13 практично бил консилиер помеѓу Анѓушев, Миновски и Мицевски.

Сиот овој потенцијал во РЕК Битола овозможува над 70% учество на комбинатот во вкупното производство на електрична енергија во електроенергетскиот систем. Во 2005 година, производството на електрична енергија во РЕК Битола достигнало 5.007 гигават часови, но веќе во наредната година производството паднало на 4.691 гигават час, а дното било достигнато во 2015 година, кога производството изнесувало само 3.138 гигават часови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.