Први сме во Европа по корупција, а државата вака оди директно во провалија – вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го коментира извештајот на Транспаренси Интернешнел според кој Македонија се наоѓа на 106 место. На скалата од 0 до 100 поени ( 0 – најголем степен на корупција, а сто поени – најмалку корупција) има 35 поени, што е за два поена помалку во споредба со минатата година.

-Во оваа држава криминалот си има сопствена држава. Проблемот е што одговорните што треба да се справат со тој криминал не сносат никаква одговорност. Нели постоеше „Сваровски судство“, постоеше режим, како што они викаа, постоеше криминал… Ама во 2015 година Македонија на истата оваа скала е 66-та, 40 места повисоко пласирана. Денеска кога имаме слобода, нели животот дојде, на прав пат сме, се блеска, сме 106-ти на листата. Бројките се немилосрдни. Во 2015 година сме имале 42-44 индексни поен, сега имаме 35. Сме биле подобри од Бугарија, од Грција, да не зборуваме за Албанија, Босна, Косово. Сме биле подобри од Србија, од Хрватска. Денеска видете каде сме, го делиме високото 106. место. И што зборуваме ние сега. Каков прав пат? За какви правдини и закони?! Еден да излезеше да се одважеше и да речеше „јас како министер не успеав, си давам неодповиклива оставка“. Каде е тој систем на одговорност. Уште безобразно излегуваат, го гледаат народот во очи и го лажат. Каков прав пат, какви бакрачии, одиме директно во провалија – истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.