Каков ли ас чува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својот џеб? Лидерот на СДСМ Зоран Заев му се обрати на Мицкоски:

Еве ви го телефонот, барајте го вашиот шеф од Будимпешта да ви каже каков став да заземете. Немате став за ништо.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му возврати на Зоран Заев дека тој треба да му пише порака бидејќи имал информации и сознанија дека неколку пати до сега Заев му праќал пораки на поранешниот премиер Никола Груевски.

Пишете му вие порака. Имам и јас некои работи во џеб – рече Мицкоски и запраша ако се оди до крај, да го извади својот адут.

Заев видно вознемирен ретерираше за да го спречи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.