донираните возила во општина Маврово-Ростуше завршуваат демолирани во приватни дворови, реагира ОК на ВМРО-ДПМНЕ од оваа општина.

Еве како завршуваат возилата кои ги донира Агенцијата за управување со одземен имот.
а нешто слично се случи и со полицискиот џип кој го дониравте во ПС Ростуше?!?
А кога веќе сте отвориле срце-како од ваша приватна своина да донирате, одстапете и едно возило на Општината Маврово и Ростуше, нека не троши 3500000 (три милиони и петстотини илјади) денари за на крај возилото да заврши како прикажаното на слика два…, стои во објавата на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред само две недели опозициската партија обелодени дека градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски од буџетот на Општината за свое луксузирање потрошил 3500000,оо (три милиони и петстотини илјади) денари за купување на ново луксузно возило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.